Захарова: Лондон се обидува да ја префрли вината за труењето на Скрипал врз Москва

портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова

Русија ги отфрла „обидите на Британија да ја префрли одговорноста на Москва“ за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и ќе продолжи да бара сеопфатни информации од Лондон, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Остро ги осудуваме сите обиди на Лондон да ја префрли вината за инцидентот во Солсбери врз Москва и инсистираме на тоа дека треба да се истражи професионално, објективно и непристрасно“, рече Захарова, додавајќи дека Москва е подготвена да соработува во рамките на оваа истрага.

Велика Британија: Собрани докази за уште едно лице во случајот „Скрипал“

Поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест на клупа во Солсбери, југозападно од Англија во 2018 година и беа префрлени во болница во сериозна состојба. Тие преживеаја и сега живеат под заштита. Лондон ја обвинува Москва дека стои зад труењето и претходно издаде налог за апсење на двајца Руси, Александар Петров и Руслан Боширов, кои веројатно се нивните псевдоними. Тие се осомничени дека го извршиле нападот и дека биле членови на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Руски агенти во време на експлозии во фабрики за оружје во Бугарија

Британската полиција вчера објави дека трет агент на руската воена разузнавачка служба е обвинет во истрагата за труење на поранешен руски шпион. Сергеј Федотов, познат и како Денис Сергеев, е обвинет за заговор за убиство на Сергеј Скрипал.