Бугарскиот претседател Румен Радев за време на денешниот состанок со еврокомесарот за соседство и прширување Оливер Вархеји, изјави дека Бугарија очекува ефективни активности од институциите на Европската унија за промовирање на вредностите на демократија и почитување на човековите права во Република Северна Македонија.
Радев истакна дека 120.000 бугарски државјани во Северна Македонија се државјани на Европската унија и дека Бугарија се потпира на поддршката на европските институции за ефективно почитување на нивните права, јавува БТА, пренесува МИА.
Инаку, денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи престојува во Бугарија, каде имаше средби со претседателот на Бугарија Румен Радев и со министерот за надворешни работи Светлан Стоев.
Повеќето бугарски медиуми пренесоа дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите на ЕУ со Северна Македонија.
Радев нагласи дека „Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската унија“, но дека за членство на Северна Македонија е потребно да ги исполни Копенхашките критериуми, „осбено почитувањето на човековите права и принципите за добрососедство.
Тој посочи дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и дека „Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати.
Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Северна Македонија потпишан во 2017 година не се спроведува, рече Радев.
„Нашиот југозападен сосед се уште не ги решил проблемите со говорот на омраза и засадување лажна слика за Бугарија во учебници, музеи и споменици, како и во однос на правата на граѓаните на земјата, кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвет“, рече Радев.
Бугарија од крајот на 2019 година ја блокира Северна Македонија во почнувањето на преговорите со Европската унија.