Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград- Приштина Мирослав Лајчак денеска и утре ќе престојува во Србија на разговори за примената на спогодбите постигнати во процесот на дијалог и за напредокот во преговорите за сеопфатна нормализација на односите.
Тој во Белград ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, со меѓународните претставници во Србија, како и со луѓе од бизнисот и од цивилното општество.
Лајчак во минатата недела престојуваше во Косово, каде што, како што изјави, имал „добри средби“ со лидерите на политичките партии.