Околу 3 илјади француски здравствени работници се суспендирани затоа што не се вакцинирале против коронавирусот, изјави министерот за здравство Оливие Веран.
Во средата стапи во сила задолжителното вакцинирање за 2, 7 милиони вработени во болниците, домовите за пензионери, итната помош, негувателите.
Според министерот Веран, неколку десетици медицински работници дале отказ поради задолжителното вакцинирање. Повеќето од оние што не се вакцинирале се во службите за поддршка и не се медицински персонал, истакна тој.
Суспендираните работници нема да примаат плата, но ниеден од нив нема да биде отпуштен од работа.