Корумпирани, вакцинирани, киднапирани...

МАКЕДОНИЈА - Албанскиот Парламент го прифати барањето на Демократската партија за составот на пратеничката група без Сали Бериша, кој беше исклучен од пратеничката група, од лидерот на демократите Љуљзим Баша, по барањето на американската амбасадорката Јури Ким, откако тој од страна на САД беше прогласен за персона нон грата, поради корупција.

ИРАН - Иранските власти ја одобрија употребата на вакцината против коронавирус, произведена од американскиот фармацевтски гигант Џонсон и Џонсон, додека Иран се соочува со петтиот бран на инфекции со ковид-19.

АЛБАНИЈА - Албанскиот премиер Еди Рама, чиј нов, трет по ред владин кабинет треба да биде изгласан денеска, при презентацијата на владината програма, задржувајќи се на иницијативата Отворен Балкан повторно ја критикуваше Приштина што не се приклучила на иницијативата.

ЕУ / ЛИБАН - Европската унија треба и натаму да размислува за воведување санкции против либанските политичари кои го блокираат напредокот на новата влада, се вели во соопштението на парламентот на ЕУ.

УКРАИНА - Во експлозија на автомобил загинаа портпаролката на регионалната служба за итни случаи и нејзиниот придружник во југоисточниот украински град Днипро, соопшти а полицијата. Причината за експлозијата се уште е непозната.

ХРВАТСКА / ЦРНА ГОРА - Црна Гора е заложник на незаинтересираноста на европската политика, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на посетата на црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ. Миловановиќ предупреди дека геополитичкиот вакум на Балканот се искористува од земји како Русија, кои се против европскиот систем на вредности.

МАКЕДОНИЈА - Двајца Аваганистанци во атарот на Табановце ограбиле Индиец и го држеле како заложник. Кумановското обвинителство од Судот бара да им биде одреден 30 дневен притвор на 25 и 31 годишните Авганистанци кои со нож му се заканиле на Индиецот и го ограбиле. Тие се осомничени за кривичното дело разбојништво. Според соопштението на оБвинителството, осомничените го повредиле државјанинот на Индија.

МАКЕДОНИЈА - Косовскиот премиер Албин Курти не одговори конкретно дали ќе бидат испорачани Африм Исмаиловиќ и Алил Демири осудени во случајот Монструм. Само кратко рече дека министерствата за правда на двете земји се во постојан контакт и дека во интерес на сите е да се дознае целосната вистина за тешките предмети и да се дојде до правдата.

РУСИЈА / ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО) го суспендирала процесот за одобрување на руската вакцина против коронавирус Спутник Ве, откако биле откриени голем број прекршоци во производството за време на инспекцијата во Русија претходно оваа година, соопшти претставник на СЗО.