Повеќе од 150 медиуми и невладини организации во Русија започнаа петиција со која се бара од властите да го укинат спорниот закон за „странски агенти“, кој се смета за алатка што Кремљ ја користи за задушување на граѓанското општество и независните медиуми. Рускиот закон, првпат донесен во 2012 година и изменет неколку пати оттогаш, бара од назначените медиуми обележување на содржината.
- ЕУ бара од Русија да го укине законот за странски агенти
- Реакција на Стејт Депарментот за односот на Русија кон РСЕ
Во петицијата се наведува дека од јануари, Министерството за правда додаде шест медиуми, 20 новинари и седум невладини организации во регистарот на таканаречените „странски агенти“. Помеѓу 2013-2020 година, вкупно 221 група и поединци беа ставени на листата. Од 14. септември, речиси 8.000 луѓе ја потпишаа петицијата, која се наоѓа на веб -страницата change.org
„Ние ја сметаме тековната ситуација како акција на притисокот на државата врз медиумите и јавните организации. Самиот закон и начинот на кој се користи има за цел да ги ослаби институциите на граѓанското општество. Законот за странски агенти мора целосно да се поништи“, се вели во соопштението.
Обележувањето на содржината носи застрашувачки конотации од времето на Советскиот Сојуз, а е проследено со закани за финансирањето на некои медиуми.