Северна Кореја истрелала две балистички ракети во морето само неколку дена откако соопшти дека успешно тестирала нови крстосувачки ракети со голем дострел. Според соопштението на Генералштабот на Јужна Кореја, двата балистички проектила се истрелани денеска од локација во централниот дел на Северна Кореја кон водите на источниот брег на Корејскиот Полуостров.
Јужнокорејските и американските разузнавачки власти анализираат повеќе детали за овие лансирања, се вели во соопштението и се додава дека Јужна Кореја го зајакнала својот став за надзор против Северна Кореја.
Лансирањето на проектилите се случи неколку дена откако севернокорејската официјална централна новинска агенција (КЦНА) објави дека изминатиот викенд тестирала нова „крстосувачка ракета со голем дострел“, нарекувајќи ја „стратешко оружје од големо значење“. КЦНА соопшти дека крстосувачките ракети успешно погодиле цели за време на тестовите за летање, а потоа паднале во територијалните води на земјата.
Американската војска деновиве соопшти дека тестовите спроведени од Северна Кореја во изминатиот викенд претставуваат „закани“ за соседните земји, но и пошироко.