Во Солун конференција за европската иднина на Западен Балкан

Солун, архивска фотографија

Денеска во Солун ќе биде одржана специјална конференција „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтијадис Варвициотис, јави МИА од Атина.

Најавено е учество на претставници од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Дискусијата е во рамките на Конференцијата за иднината на Европа и ќе биде од затворен карактер, а настанот е на маргините на 85-от Меѓународен саем во Солун.