Во разговор со шефот на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград, генерал Томаж Витале, српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ рече дека Србија е заинтересирана за понатамошно подобрување на партнерската соработка, продолжување на политичкиот дијалог и практичната соработка во сите области од заеднички интерес.
Според Министерството, Селаковиќ се заблагодарил за позицијата на НАТО, која ја почитува воената неутралност на Србија, и посочи дека Србија и НАТО треба да продолжат со понатамошно унапредување на партнерската соработка во заеднички интерес за зачувување на мирот и стабилноста во регионот.
Видете и ова: Столтенберг: НАТО ја почитува неутралноста на СрбијаНа крајот на годината, ќе бидат навршени 15 години откако Србија стана членка на НАТО програмата „Партнерство за мир“. Како што беше кажано, во тек е успешна имплементација на вториот циклус на Акциониот план за индивидуално партнерство (ИПАП) на Србија и НАТО за периодот 2019-2021 година.
Селаковиќ изрази очекување дека Меѓународните сили за помош во безбедноста (КФОР) на Косово ќе „одржат статус-неутрална позиција“ и ќе дејствуваат проактивно за да спречат какво било нарушување на безбедносната ситуација на терен.
Србија се одлучи за воена неутралност, но соработува со НАТО во рамките на програмата Партнерство за мир.