Заклучно до 18:00 часот на 13 септември попишани се 502.000 лица, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Од Заводот информираат дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.
„Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!“, објави ДЗС на официјална Фејсбук страница за Попис 2021.
Поради проблеми со апликацијата, пописот беше во прекин неколку дена.
Пописот започна на 5 септември и ќе трае до крајот на месецот.