Новинари на протест во Пакистан против драконскиот закон за медиуми

Архивска фотографија - Протест на новинари во Пакистан

Илјадници новинари во Пакистан протестираа пред парламентот против нацрт -законот за кој велат дека ќе ја заостри владината контрола врз медиумите и ќе ја поткопа слободата на печатот.

Новинарите одржаа протест со седење пред парламентот во текот на ноќта, а продолжија до протестот и денеска кога собрание почна со работа.

Со предлог-законот ќе се укинат постоечките закони за медиуми и ќе се формира нов регулаторен орган - Организацијата за развој на медиуми во Пакистан. Новиот орган ќе може да затвора медиумските организации, а се предвидува и да се формираат трибунали за казнување на новинари и медиумите за „клевета“ на воените генерали, судии и владини лидери.

Од Меѓународниот институт за печат велат дека стравуваат оти законот сериозно ќе ја ослабне слободата на печат во Пакистан.

Според законот, владата, исто така, ќе ја заостри контролата врз социјалните медиуми.

Комисијата за човекови права на Пакистан се приклучи на протестите и изрази загриженост за, како што рече, „драконска“ регулаторна рамка.
Пакистан е на дното на глобалните индекси за слобода на медиумите.