Седница на националниот Совет за безбедност

Совет за безбедност, 19 ноември 2020 година

Денеска напладне во Кабинетот на претседателот на Северна Македонија ќе биде одржана 13-тата седница на националниот Совет за безбедност, на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Според соопштението од Кабинетот, покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.