Државната изборна комисија соопшти дека вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје. Според резултатите од списокот што денеска го објави Државната изборна комисија најмногу пријавени кандидати за градоначалник – 12 има за Град Скопје.
За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.
Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.
Од ДИК велат дека податоците за листи на кандидати за членови на советите се во обработка.