Папата Франциск своето прво патување во странство по оперативниот зафат ќе го започне со кратка посета во Будимпешта. Тој ќе се сретне со десничарскиот популистички унгарски премиер Виктор Орбан.
Папата Франциск ќе помине само седум часа во Будимпешта и само половина час средба со Орбан во Музејот за ликовни уметности во Будимпешта, при што најавено е и присуство на унгарскиот претседател Јанош Адер.
Папата постојано ги повикува владите да им помогнат на луѓето од сите религии што бегаат од војна и сиромаштија. Од друга страна пак Орбан е против дозволен влез на мигрантите во Европа.
Папата е роден во Аргентина, а неговите родители емигрирале во Италија. Тој честопати се залагал за давање засолниште на мигранти и ги осудува водачите кои им го вртат грбот на бегалците.
По краткиот престој на Папата во Унгарија, тој ќе замине во официјална посета на Словачка која ќе трае повеќе од два дена.