Истече рокот за поднесување на кандидатски листи за изборите

Избори за градоначалници во Штип и Пласница.

На полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до Општинските изборни комисии. Државната изборна комисија најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите.

На 23 септември со ждребка ќе се одредува редоследот на кандидатите за градоначлници и советници од политичките партии и независни листи.Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини.

Предизборната „метла“ заменета со антикорупциска кампања „Сега сè е јавно“

Во ДИК во тек е обука на инструкторите за употребата на апаратите за земење отпечатоци од прстите што ќе се користат на локалните избори за биометриска идентификација на гласачите. За таа цел во текот на денешниот ден во земјава треба да тристигнат тројца обучувачи од Германија, кои ќе ја спроведат обуката.
Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ.