Нови 609 ковид позитивни и 22 починати

Илустрација - Ковид амбуланта во Скопје

Илустрација - Ковид амбуланта во Скопје

Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство МЗ).

Според денешната статистика новозаразени се регистрирани во: Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти и 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје, 5 од Струмица, по 2 од Прилеп и Струга и по едно починато лице од Тетово, Гостивар, Берово, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка и Дебар. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.