Голем пожар во близина на Велес

Илустрација, шумски пожар

Големиот шумски пожар што горе повеќе од 20 часа над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес го гасат осум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото гаснење се вклучени вработените од ШС „Бабуна”, а на терен се подготвуваат да заминат и пожарникари од ТППЕ Велес.

Со пожарот досега се зафатени повеќе од 50 хектари ниско стеблеста дабова шума,трња и сува трева.

Рекордно ниско пошумување, а шумите се шират?

Пожарот уште вчера се прошири во правец на селото С`лп , но засега нема опасност да ги зафати куќите од селото.