СДСМ соопшти денеска дека истрагата што надлежните институции ја спроведуваат во соработка со меѓународни експерти, ќе ги даде одговорите за сите прашања поврзани со трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.
Ефикасната и брза истрага, според владејачката партија, ќе даде дополнителна потврда за капацитетноста на институциите и нивната професионална посветеност.
Од СДСМ го поздравуваат ангажманот на врвните германски експерти за форензика кој, како што наведуваат, треба да донесе дополнителна вредност во процесот на истрага.
“Истовремено, како партија изразуваме почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка и ги почитуваме одлуките и на заменикот министер за здравство и директорите на болницата во Тетово. Одлуката на министерот за здравство Филипче, поттикната од чувството на морална одговорност, ја отсликува неговата посветена, чесна работа како одговорен министер, со строго почитување на етичките правила и морал. Министерот Филипче е пример за одговорен политичар кој избра да им служи на граѓаните и да се бори за нивното здравје и нивните животи” велат од СДСМ.
- Филипче: Од морални причини понудив пишана оставка до премиерот
- Серија оставки од морални причини за пожарот во Тетово
Министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик и двајцата директори на болницата во Тетово поднесоа оставки. Истрагата за пожарот е во тек.