Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека оставката на министерот за здравство, Венко Филипче не е доволна, туку дека е потребна и оставка од премиерот Зоран Заев, бидејќи, според опозициската партија, само така ќе се гарантира независна истрага. Од партијата додаваат дека животите на жртвите згаснале во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата.
„Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски. Потребна е вистинска одговорност“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Серија оставки од морални причини за пожарот во Тетово
- Филипче: Од морални причини понудив пишана оставка до премиерот
Министерот Филипче на кратка прес- конференција во Владата порача дека
како лекар и министер има интегритет и затоа денеска од морални причини понудил пишана оставка до Заев. Во пожарот во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, а истрагата за причините е се уште во тек.