Филипче: Од морални причини понудив пишана оставка до премиерот

Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска поднесе оставка од функцијата, како што рече, од морални причини по пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

„Последната трагедија во Тетово многу ме погоди многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа може да го опишат ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани како лекар и министер имам интегритет затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, порача Филипче на прес-конференција во Владата.

Тој притоа им се заблагодари на сите кои верувале и го поддржувале во работата и во одговорните задачи, како и во предизвиците со кои се соочувал.

Претходно оставка поднесоа двајцата директори на болницата во Тетово и заменик министерот за здравство.