Заменик министерот за здравство Илир Хасани поднесе ставка од функцијата по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.
„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за градењето на модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е чин за кој сметам дека треба да го направам во моментов, и со тоа да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу себе. Нема ништо над достоинството“, напиша Хасани.
- Економскиот директор на тетовската болница поднесе оставка
- Директорот на болницата во Тетово поднесе оставка
Претходно оставка поднесоа двајцата директори на болницата, Фљорин Бесими и Артан Етеми.
Во моментот на несреќата во просториите на ковид болницата имало вкупно 26 лица. Истрагата се уште трае.