Министерството за здравство денеска информираше дека две дози вакцина во Македонија примиле 603.795 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера биле вакцинирани 754.271 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.959 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.737 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.358.067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603.795 граѓани.
Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата“, велат од МЗ.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.