Институтот за судска медицина ја заврши обдукцијата на 15 тела донесени по пожарот во ковид центарот во Тетово и ги идентификува жртвите. Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот.
Според извештаите извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина. Таа починала пред избивнување на пожарот во ковид центарот во Тетово.
- Неодговорени прашања за пожарот во тетовската болница
- Снимките од надзорните камери на ковид центарот предадени на Обвинителството
Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги. Се очекува денеска телата на жртвите да им бидат предадени на семејствата.
Во пожарот во ковид центарот во Тетово загинаа 14 лица. Во моментот на несреќата во просториите имало вкупно 26 лица. Истрагата се уште трае.