Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко се договориле за нов унифициран пазар на гас и тој ја пофали Белорусија, велејќи дека ситуацијата таму е „стабилизирана“ по неколкумесечните превирања. Путин зборуваше на заедничката прес -конференција, заедно со Лукашенко, на 9 септември, по повеќе од три часа разговори во Москва.
Белорусија сѐ поблиску до унија со Русија
Патувањето на Лукашенко во Москва дојде во услови на зголемени шпекулации дека тој и Путин ќе го финализираат деценискиот план за целосно формирање на унија меѓу двете држави која тесно ќе ги интегрира двете земји. Сепак, не беше јасно дали тоа се случило; претходно, Лукашенко сигнализираше дека конечното потпишување на 28 таканаречени патокази, со кои ќе се финализира интеграцијата на земјите, ќе биде на 28 октомври. Лукашенко, пак, рече дека неговите разговори со Путин биле искрени и конструктивни.
ЕУ повика на ослободување на сите политички затвореници во Белорусија
Пофалбите на Путин за белоруската стабилност доаѓа по неколкумесечни невидени политички превирања предизвикани од претседателските избори во август 2020 година, на кои Лукашенко прогласи победата. Белоруската опозиција смета дека изборите се фалсификувани и започна неколкумесечни улични протести и масовни демонстрации, кои наидоа на брутална полициска акција.