Бајден: задолжително вакцинирање за сите вработени во федералните служби

Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон

Американскиот претседателот Џо Бајден најави задолжително вакцинирање што ќе зафати дури 100 милиони Американци со цел да се спречи напливот на случаи на ковид-19, предизвикан од многу заразна варијанта делта. Говорејќи во Белата куќа на 9 септември, Бајден ги критикуваше околу 80 милиони Американци кои сѐ уште не се вакцинирани, и покрај неколкумесечната достапност, бидејќи хоспитализациите и смртните случаи се зголемуваат претежно кај оние кои не ги добиле вакцините. „Бевме трпеливи. Но, тоа и вашето одбивање нѐ чини сите нас“, рече Бајден.

По Авганистан, Бајден пред тешки домашни битки

Според стратегијата за борба против вирусот, Бајден издаде експанзивни нови правила за сите работодавачи со повеќе од 100 работници да бараат од нив да се вакцинираат или да се тестираат неделно. Ова ќе влијае на повеќе од 80 милиони луѓе во приватниот сектор, процени Белата куќа. Компаниите можат да бидат казнети доколку не ги почитуваат новите правила. Друг елемент на планот се задолжителните вакцини за сите федерални службеници со што е отстранета претходната политика која нудеше опција за редовно тестирање наместо вакцинација. Тоа опфаќа уште неколку милиони работници, од кои некои може да се соочат со отказ доколку не се вакцинираат.

ЕУ ќе ги тргне САД од листата ковид безбедни земји

Републиканците веднаш го нападнаа Бајден за пречекорување на неговиот авторитет со неговите најнови ограничувања и казни. Сепак, капацитетот на федералната влада да дејствува е ограничен во сојузните држави кои имаат широки овластувања. Белата куќа веќе воведе задолжителна вакцинација за воениот персонал и домот за стари лица кои добиваат федерални субвенции.
Националната кампања за дополнителни вакцини против ковид-19, исто така, треба да започне на 20 септември.

Во САД фрлени најмалку 15 милиони вакцини

Во Соединетите држави, епидемијата повторно расте од почетокот на летото, но тензиите се зголемуваат и поради мерките што треба да се преземат за да се запре ширењето на ковида-19. Соединетите држави, каде што, според здравствените власти, 53,3 проценти од населението е целосно вакцинирано, се земја што забележа најголем број смртни случаи од коронавирусот во светот, речиси 653.000 починати.