Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев свика состанок на Советот за безбедност на земјата, објави прес – центарот на владата. Тема на состанокот на Советот на министри на Бугарија ќе биде состојбата и капацитетот на системот за заштита на националната безбедност во контекст на очекуваниот нов бран мигранти.
Пред една недела, за време на расправата во Народното собрание, Јанев најави дека една од точките ќе биде како функционира Советот со формирањето на неговиот секретаријат.
Поради миграцискиот притисок по промената на власта во Авганистан, Јанев изјави дека е формирана специјална координативна служба, која секојдневно директно ја анализира заштитата на националната граница на Бугарија, како и за внатрешноста на земјата.