Тетово прогласи три дена жалост по пожарот кој избувна вчера во модуларната болница, при што загинаа 14 пациенти кои биле лекувани од ковид-19. Градоначалничката Теута Арифи на денешната прес конференција изрази сочуство до семејствата на загинатите и изјави дека сега чекаат да добијат потврда на идетитетот на жртвите по што преку општинскиот фонд би им помогнале на семејствата на жртвите.
Бројот на загинати во пожарот во Тетово се искачи на 14
Градоначалничката Арифи одговарајќи на новинарско прашање рече дека сите преживеани во вчерашниот пожар во Тетово се во стабилна здравствена состојба.
„Во моментот информирани сме дека тие се во стабилна состојба. Во меѓувреме ќе одржиме уште еден состанок во кој дополнително ќе бидеме информирани за секој пациент посебно,“ изјави Теута додавајќи дека сите пациенти се хоспитализирани во тетовската болница.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Таа ги повика институциите што побрзо да ги завршат истрагите и да утврдат кои беа причините за пожарот кој настана во модуларната болница.
Изгоре ковид-центарот во Тетово, потврдени 14 починати
Претходно Министерството за здравство соопшти дека во моментот на пожарот имало вкупно 26 пациенти и оти 12 го преживеале пожарот и се надвор од животна опасност. Во пожарот нема настрадани здравствени работници.