Талибанците ќе дозволат група странци да заминат од Кабул

Талибанците се согласија да им дозволат на 200 американски граѓани и државјани на трети земји да заминат со чартер летови од аеродромот во Кабул. Новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на високи американски дипломатски извори објави дека Исламистичката група била притисната од американскиот претставник во Авганистан Залмај Калилзад да дозволи заминување на уште една група странци.

Останува нејасно дали во оваа бројка од 200 Американци и странски државјани на трети земји влегуваат и стотина заглавени патници во северниот град Мазар е Шариф кои со приватни чартер летови се уште немаат дозвола да полетаат. Меѓу оние што чекаат во Мазар-е Шариф има 19 Американци.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна изјави дека Талибанците ветиле дека „ќе им дозволат на луѓето со патни исправи слободно да заминат“.

САД го завршија военото повлекување од Авганистан пред десетина дена, по брзото преземање на земјата од страна на Талибанците. Пред повлекувањето, Соединетите држави и сојузниците во НАТО евакуираа десетици илјади странци и Авганистанци, под ризик од одмазда на Талибанците од Кабул.