Владина седница за пожарот во Тетово

Пожар во ковид центарот во Тетово

За денеска во 10 часот е закажана итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој синоќа целосно изгоре ковид центарот во Тетово. Закажавме во 10 часот Влада, изјави премиерот Зоран Заев, кој не сакаше да соопшти повеќе детали затоа што, како што рече, надлежните прават увид и работат на утврдување на причините за пожарот. Од Владата информираа дека во тек е детална истрага за пожарот во кој, според засега официјалните информации, има десет жртви. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените, се вели во соопштението од Владата.

Изгоре ковид-центарот во Тетово, потврдени 10 починати

Пожарот избувна околу 21 часот и за кратко време целосно изгоре ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час. Синоќа во Тетово седница одржа и Итниот кризен штаб на која присуствуваше највисокиот државен врв.