Бислими: Нема да има состанок Курти-Вучиќ

Шефот на косовската делегација во дијалогот со Србија, Бесник Бислими,

Шефот на косовската делегација во дијалогот со Србија, Бесник Бислими, потврди дека овој месец нема да има средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Нема доволно опиплив напредок за организирање состанок на лидерите“, рече денеска Бислими во Брисел, по состанокот со српската делегација, со посредство на Европската унија (ЕУ).

За време на состанокот, единствена тема била прашањето за исчезнатите лица. Косовскиот вицепремиер Бислими рече дека страните изразиле подготвеност за пристап до државните архиви за ова прашање.

„Во еден момент, г -дин Петар Петковиќ(шеф на преговарачкиот тим во Белгра) се согласи дека треба да имаме целосен пристап до сите архиви, вклучително и воените архиви во Белград, како и пристап до архивите на ОВК (Ослободителната војска на Косово). Не постојат архиви на ОВК, туку постојат државни архиви за ОВК на Косово и ние сме отворени за размена на овие информации “, рече Бислими.

Тој, исто така, истакна дека се согласиле работните групи за исчезнатите лица да се состануваат редовно и телата пронајдени во масовна гробница во Кижевак во јужна Србија да им бидат предадени на семејствата. Тој рече дека посмртните останки на седум лица биле идентификувани од властите во Белград, и дека остатоците на две идентификувани лица биле пронајдени во мртовечницата во Приштина.