Ѓилас нема да го потпише европскиот документ за изборните услови во Србија

Драган Ѓилас, лидер на СПП

Претседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП), Драган Ѓилас, денеска изјави дека документот на медијаторите од Европскиот парламент (ЕП) за подобрување на изборните услови е неприфатлив за граѓаните на Србија и дека во доставената форма ССП „сигурно нема да ја потпише“.

„Предлогот што го добивме не е прифатлив за граѓаните на Србија, бидејќи не содржи јасни механизми што би овозможиле почитување на законот, чие спроведување е неопходно за да имаме слободни избори. Затоа ССП сигурно нема да го потпише во оваа форма“, изјави Ѓилас во пишаната изјава за медиумите.

Тој додава дека за конкретните забелешки на текстот ќе ги извести европските посредници и јавноста по разговорите со партнерите со кои работеле на развој на заедничката платформа за слободни и фер избори.

Претставниците на Европскиот парламент вчера до српската опозиција доставија нацрт-работен документ за договорот за изборните услови. Текстот прво беше испратен до Ивица Дачиќ, претседател на Собранието на Србија.

Владимир Билчик и Тања Фајон, европратеници и поранешни европратеници Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, усвоија нацрт работен документ како подготовка за следната рунда меѓупартиски дијалог на 17 и 18 септември во Белград, објавено е на 1 септември од Канцеларијата на ЕУ во Србија.

„Документот се фокусира на подобрување на условите за политичка конкуренција пред претстојната изборна кампања во Србија“, соопшти ЕУ.

Како што е наведено, нацртот се надоврзува на моментумот создаден од јулскиот меѓупартиски дијалог и го зема предвид претходниот процес на консултации, како и препораките на меѓународната заедница.

„Документот особено се фокусира на прашања поврзани со еднаков пристап до медиумите и интегритетот на изборниот процес“, објави ЕУ.

Според документот, нацртот содржи серија сугестии и конкретни предлози за можни чекори напред, а под услов да има доволно политичка волја, договорот би можел да се постигне во рамките на Меѓупартискиот дијалог кој се води во српското собрание со посредство на ЕП.