Почна судењето на групата обвинета за нападите во Париз

Медиумски екипи пред судот во кој почнува судењето на обвинетите за терористичките напади во 2015 година

Денеска во Париз започнува судењето на група од 20 лица обвинети за нападите на т.н Исламската Држава во Париз во 2015 година, во кои загинаа 130 луѓе, а стотици беа повредени.

Девет вооружени мажи и бомбаши самоубијци извршија напади речиси истовремено на францускиот национален фудбалски стадион, на концертната сала Батаклан и на рестораните и кафулињата во Париз на 13 ноември 2015 година.

Се очекува преживеаните од нападите, како и роднините и пријателите на жртвите да ја исполнат судницата. Судницата е може а да прими 1.800 осуденици и 350 адвокати.

Единствениот преживеан од таа ноќ Салах Абдеслам, е клучниот обвинет во судењето за најлошиот напад во Франција од Втората светска војна. Тој е единствениот од 20 -те обвинети за убиство.

Истата мрежа на т.н Исламска држава организираше напади во Брисел неколку месеци подоцна, кога загинаа уште 32 лица. Абдеслам, кој го остави својот изнајмен автомобил во северен Париз и го фрли својот појас за експлозив пред да избега дома во Брисел, одби да разговара со истражителите, а тој ги има одговорите на многу отворени прашања за нападот и луѓето што го планираа истиот во Европа и во странство.