Мексико го погоди земјотрес со сила од 7 степени според Рихтеровата скала

Лекари и пациенти евакуирани од Општата болница по земјотресот во Акапулко, Мексико, 7 септември 2021 година.

Земјотрес со сила од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на 17 километри североисточно од Акапулко во мексиканската држава Гереро, соопшти американскиот геолошки институт. Најмалку еден човек загинал, соопштија властите. Според извештајот за цивилна заштита, земјотресот предизвика одрони и свлечишта што паднаа на патиштата. Според сведоците, тој оштетил и згради во Акапулко.

Во земјотресот на Хаити загинале скоро 1.300 луѓе

Градоначалничката на мексиканскиот главен град Сиудад де Мексико, Клаудија Шејнбаум, изјави дека засега нема извештаи за голема штета во главниот град. Се наведува дека се работи за многу плиток земјотрес на 12,5 километри под површината на земјата, што го зголеми ефектот на земјотресот. За време на земјотресот е забележан и феномен на светлина, сличен на Аурора Бореалис.