Премиерите на Австрија, Чешка и Словачка имаат заеднички став против поголем број авганистански бегалци во Европската унија во услови на зголемена загриженост поради приливот на мигранти од Авганистан. Чешкиот премиер Андреј Бабиш рече дека нема да има место за авганистанските бегалци во Европската унија и тие треба да останат во Авганистан или во соседните земји. „Навистина нема место за нив во Европа“, рече Бабиш по средбата со неговите колеги од Австрија и Словачка во југоисточниот чешки град Леднице. Трите земји, заедно со Полска и Унгарија, долго време имаат цврста позиција во однос на миграцијата, што доведе до длабоки поделби во Унијата околу распоредувањето на бегалците.
Папата ги повика земјите да примат Авганистанци
Преземањето на Авганистан од страна на талибанците во август, предизвика страв од повторување на мигрантската криза во Европа во 2015 година, кога во блокот пристигнаа повеќе од 1 милион луѓе кои избегаа од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток. ЕУ прими илјадници авганистански бегалци по преземањето на талибанците преку меѓународен воздушен превоз предводен од САД од Кабул минатиот месец.
Авганистански бегалци на граничните премини со Пакистан и Иран
За време на миграциската криза во Европа, стотици илјади луѓе преминаа од Турција и тргнаа по таканаречената балканска рута кон побогатите земји на ЕУ, пред тој пат во голема мера да биде затворен. Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека неговата земја ќе придонесе со 21,3 милиони долари за помош на Авганистанците во земјите соседни Авганистан.