Третиот мандат за формирање нова бугарска влада му беше вратен на претседателот Румен Радев. Го врати претседателката на БСП, Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија. Претседателот Радев и честиташе на Нинова за нејзиниот одговорен пристап кон преговорите за формирање влада во рамките на третиот мандат.
„За жал, нe чекаат нови избори и нови преговори. Верувам дека БСП повторно ќе биде активен учесник во нив и ви посакувам успех“, рече Радев.
Корнелија Нинова изјави дека вложиле напори и одговорност, но не нашле поддршка од Има ли таков народ, Демократска Бугарија и Исправи се БГ.
- БСП го враќа мандатот за состав на бугарска влада
- Радев ќе го предаде третиот мандат за формирање бугарска влада
Претходно денеска техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев остварил средба со американскиот амбасадор во Бугарија Херо Мустафа, соопшти владиниот прес -центар. За време на нивниот разговор во владата, акцентот бил ставен на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД. На средбата било разговарано за билатералното партнерство во борбата против корупцијата и во областа на одбраната и безбедноста, како и потенцијалот на трговските и економските односи меѓу Бугарија и САД.