Нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата, беше донесена на денешната владина седница, на иницијатива на заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски.
Одлуката, како што информирaат од кабинетот на Николовски, е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели.
„Со новите одредби, секое користење на службените возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности“, вели Николовски.
Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење, се наведува во соопштението од кабинетот на Николовски, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција.