Заклучно со 4 септември со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 44,6 проценти од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54 отсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, додека со една доза се вакцинирани 29 проценти од граѓаните на возраст помеѓу 18 и 39 години, информира Министерството за здравство.
„Најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4 проценти, Кавадарци 62,3 отсто и Охрид 61,4 проценти“, додаваат од Министерството.
Граѓаните може да се вакцинираат на вакциналните пунктови без закажан термин, а има и вакцинација со домашна посета за оние кои не можат да дојдат.
Министерството апелира до граѓаните да се вакцинираат, особено до помладите.