Никој нема да биде оставен без учебници. Будно ги следиме работите и секогаш сме подготвени за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата, да бидат обезбедени со електронски и печатени учебници, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Неговата изјава следува по бројните критики од родители дека оние ученици за кои не биле обезбедени учебници да си ги отпечатат.
Премиерот на прес-конференцијата во Општина Сарај, во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес, посочи дека голем дел од децата се обезбедени со смарт таблети, и со се што им е потребно, и испрати пораката дека ќе го следат целиот процес, и онаму каде што нема доволно, Владата ќе интервенира и ќе изнајде начин децата да се чувствуваат рамноправно.