Новак Ѓоковиќ се соочи со силен предизвик на почетокот на својот натпревар на УС Опен против Американецот Џенсон Бруксби, но се извојува победа и сега е на три натпревари за да стане првиот тенисер кој ги има освоено сите Гренд слемови по 50 години. Ѓоковиќ, кој се натпреварува за победа на сите четири големи тениски турнири во истата година, го совлада Бруксби кој е рангиран на 99-то место, со 1-6, 6-3, 6-2, 6-2.
Џоковиќ новиот шампион нa Вимблдон
Светскиот рекет број 1 ќе се соочи со италијанецот Матео Беретини во четвртфиналниот меч на 8 септември. Тоа ќе биде реванш на финалето на Вимблдон во јули, кое Ѓоковиќ го доби во четири сета. Ако 34-годишниот Ѓоковиќ победи на УС Опен, тој ќе стане првиот човек по Род Лејвер во 1969 година што ги освои сите четири големи титули во истата година. Тој исто така ќе го освои својот 21-ви голем трофеј и ќе ги надмине ривалите Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои имаат по 20 големи титули.