Набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска ќе одржат прес-конференција за отворањето на набљудувачката мисија на претстојните локални избори во Северна Македонија.
Не сме во предвремена кампања, сè е законски, тврди Заев
Прес конференцијата на Тана де Зулуета, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР и на Стефан Краузе, заменик-шеф на мисијата ќе биде преку Зум апликацијата. Кампањата за локалните избори започнува на 27 септември на полноќ и ќе трае до полноќ на 15 октомври.