ЕК - Очекуваме од сите да учествуваат конструктивно во пописот

Попис 2021

Европската комисија ги охрабрува сите во Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ.

Во коментар за МИА, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.

„Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани“, изјави Писонеро за МИА.

Таа истакна дека Европската унија очекува од властите во Северна Македонија пописот да се одвива согласно стандардите и регулативите на ЕУ, како дел од пристапниот процес за ЕУ.

„Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин“, рече Писонеро за МИА.

Населението во Македонија не е попишано речиси дваесет години.