Пресуди за белоруските опозиционери Калесникава и Знак

Судење за Марија Калешникава и Максим Занок, Минск, 4 август 2021 година

Денеска се очекува да бидат изречени пресуди и казни во судскиот процес против двајцата водечки белоруски опозиционери, Марија Калесникава и Максим Знак, по обвиненија за заговор што САД ги нарекоа „произволни“ во услови на тековната акција на про-демократските активисти и групи против авторитарниот вторитарни владетел Алијаксандар Лукашенко. Двајцата обвинети, кои се членови на Координативниот совет на опозицијата, беа обвинети за заговор за преземање на власта, повици за акција со цел да ѝ се наштети на националната безбедност и повици за дејствија со кои му се нанесува штета на националната безбедност, користејќи медиуми и интернет.

По 12 години затвор за лидерите на протестите во Белорусија

И двајцата ги отфрлија обвиненијата, кои произлегуваат од нивните повици за протести против официјалните резултати од изборите во август 2020 година, како политички мотивирани. Доколку бидат осудени, им се заканува затворска казна до 12 години. Тековната акција започна откако на претседателските избори Лукашенко доби шестти мандат, што предизвика невиден бран протести поради обвинувањата дека гласањето е наместено.

САД повикаа на ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Масовните протести против Лукашенко наидоа на тешки, а понекогаш и насилни притвори на десетици илјади луѓе. Голем дел од опозициското раководство е затворено или принудено на прогонство. Неколку демонстранти се убиени, а илјадници уапсени за време на масовните демонстрации кои бараат оставка од Лукашенко.