Во последните 24 часа регистрирани се 708 нови случаи на ковид-19 од направени 7.174 тестирањe, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи во Скопје се регистрирани 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш - по 7, Свети Николе – 6, Гевгелија и Кратово – по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти.
Пријавени се 32 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), 5 починати лица од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), 4 починати лица од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), 3 починати лица од Куманово (80г, 76г и 64г) , по 2 починати лица од Охрид (65г и 25г) и Струмица (70г и 69г) и по едно починато лице од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г), и Виница (47г).
Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.