Кандидат на ДУИ во Студеничане ќе биде Ејуп Абази, во Чашка – Суат Шаќири, во Дебар -Хекуран Дука, во Липково – Еркан Арифи, во Врапчиште – Неби Реџепи, во Струга – Рамиз Мерко, во Желино – Фатмир Изаири, во Боговиње – Бесник Емшиу, во Теарце – Нухи Незири, во Пласница – Али Јаоски, во Брвеница – Аркин Јахии, во Сарај – Блерим Беџети, во Чаир – Висар Ганиу, во Кичево – Фатмир Дехари, во Гостивар – Невзат Бејта, во Тетово – Теута Арифи и во Арачиново – Ридван Ибрахими. Најголем дел од нив се актуелни градоначалници. ДУИ на минатите локални избори во 2017 освои 10 градоначалнички места.
Ваквата одлука била донесена на состанокот на Генерланиот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ). На состанокот се официјализирани седумнаесет кандидати за градоначалници и носителот на листата за Советот на град Скопје.
Портпаролот на партијата Бујар Османи изјави дека на состанокот на потесното партиско раководство со кој раководел лидерот Али Ахмети, едногласно е избрана листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври. Тој вели дека листата е производ на бројни испитувања на јавното мислење и контакт со граѓаните..
Кандидатот за општина Долнени ќе биде одреден наредните денови, а носител на листата на советници на град Скопје ќе биде Ардијан Муча.