Денеска во Авганистан имало нови борби меѓи талибанските милитанти и отстатоците до авганистанската војска и опозициските групи. Во меѓувреме во земјата, која сега е под контрола на талибанците, привршуваат плановите за формирање на нова власт, а во посета на Кабул пристигна шефот на разузнавањето на Пакистан.
Откако талибанците го зазедоа Кабул на 15 август, милитантите се соочија со отпор од опозициските групи и остатоците од авганистанската војска во долината Паншир, околу 100 километри североисточно од главниот град.
Портпаролот на Националниот фронт за отпор на Авганистан, во кој се групирани опозициските сили лојални на локалниот водач Ахмад Масуд, рече дека талибанските сили стигнале до височината Дарбанд на границата помеѓу провинцијата Каписа и Паншир, но биле вратени назад.
„Одбраната на упориштето на Авганистан е нераскинлива“, напиша портпаролот на Националниот фронт Фахим Дашти во Твитер.
Извор од талибанците за Ројтерс изјавил дека борбите продолжуваат во Паншир, но напредувањето е забавено со нагазни мини поставени на патот кон главниот град Базарак и комплексот на гувернерот на провинцијата.
Паншир е заграден од планини и ма еден тесен влез. Досега регионот се спротивставил на советската окупација, како и на претходното владеење на талибанците.
Во меѓувреме, во посета на Кабил е шефот на разузнавањето на Пакистан, генералот Фајез Хамед, но за таа посета има малку детали.
Раководството на талибанците имало седиште во Пакистан и честопати се наведуваше дека биле во директен контакт со моќната разузнавачка агенција на Пакистан. Вашингтон и авганистанската влада обвинуваат дека Пакистан им дава воена помош на талибанците, но пакистанските власти го негираат тоа.
Продолжувањето на борбите во Паншир и посетата на Хамед доаѓа во време кога, според информациите, талибанците се блиску до објавување влада.
Коосновачот и политичкиот шеф на талибанците Мула Абдул Гани Барадар, кој се смета за релативно умерен со групата, ќе ја предводи владата, велат избори за Ројтер.