Соединетите Американски Држави воведоа санкции против четворица ирански разузнавачи, кои се обиделе да киднапираат американски новинар, како дел од поширокиот обид да ги замолчат критичарите на владата во Техеран. Иран го негира тоа.
Американското Министерството за финансии на 3 септември објави дека санкциите се насочени кон иранскиот разузнавач на висока позиција Алиреза Шахвароги Фарахани и неговите подредени, Махмуд Казеин, Кија Садеги и Омид Нори.
Фарахани ја предводи мрежата на разузнавачки оперативци чија задача е да ги таргетираат иранските дисиденти во САД, Обединетото Кралство, Канада и Обединетите Арапски Емирати, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Четворицата планирале да ја киднапираат иранско-американската новинарка и активистка Масих Алинеџад, која живее во Њујорк, а потоа со глисер да ја пренесат во Венецуела, а оттаму евентуално да ја однесат во Иран, се наведува во кривичната пријава поднесена во јули од американскиот Оддел за правда.
Четворицата се обвинети за заговор поврзан со киднапирање, прекршување санкции, банкарски измами и перење пари.
Со воведените санкции им се блокира секој имот што го имаат четворицата ирански разузнавачи во САД, а се забранува и каква било трансакција меѓу нив и граѓани на САД:
Иранските власти денеска го отфрлија овој потег, велејќи дека САД се зависи од санкции.