Половина од населението над 40 години примило една доза вакцина

Вакцинација против ковид-19 во Скопје.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани против ковид се вкупно 741.553 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани. Вчера се вакцинирале вкупно 13.219 граѓани, од кои прва доза примиле 4.251 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, велат од Министерството.
Во земјава во моментот активни случаи на заразени со ковид има речиси 15 илјади.