722 нови случаи на ковид позитивни и 26 починати

Илустрација

Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Статистиката на нови поситивни случаи по градови е следнава: Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Видете и ова: Вкупно 87 проценти од хоспитализираните не биле вакцинирани

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти и 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје, по 5 починати лица од Тетово, по 3 од Гостивар и Куманово, по 2 починати лица од Кичево и Струга и по едно починато лице од Крива Паланка, Струмица ,Штип, Охрид и Прилеп. Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.