Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) се согласија да ја продолжат соработката по изборите распишани во Србија за 2022 година, рече претседателот на СПС, Ивица Дачиќ, на 3-ти септември.
По состанокот на делегациите на тие две партии, Дачиќ изјави дека претседателот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, им оставил можност на социјалистите да одлучат каква ќе биде соработката - дали ќе се појави на една листа на изборите и дали ќе има заеднички претседателски кандидат или не. Дачиќ го повтори својот став дека Вучиќ треба да биде заеднички претседателски кандидат на владејачката коалиција на изборите.
Коалицијата на Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија е на власт во Србија од 2012 година. Преговорите меѓу владата и опозицијата за изборни услови се во тек, откако дел од опозициските партии ги бојкотираа изборите во јуни 2021 година, сметајќи дека не постојат услови за нивно слободно и фер одржување.