Руското обвинителството побарало од судот во рускиот град Уфа да донесе осудителна пресуда со четиригодишна казна затвор за жена која донирала малку пари на постарата мајка на затворениот опозициски активист. На денешното рочиште обвинителите побараа од судот да ја прогласат Илмира Бикбаева за виновна за финансиски поддршка на екстремизмот, откако таа испрати вкупно околу 6.000 рубљи или 82 долари во неколку наврати на мајката на Ајрат Дилмухаметов.
Имено Дилмухаметов е истакнат опозициски активист, кој минатата година беше осуден на девет години затвор под обвинение за екстремизам. 59 годишната Бикбаева се изјасни за невина во случајот, инсистирајќи на тоа дека само сакала финансиски да ја поддржи постарата жена. Според обвинителниот акт парите што ги испрати Бикбаева ги користел Дилмухаметов за спроведување екстремистички активности.
Активистите за човекови права во јавноста се потсмеваа со идејата дека износот е нешто повеќе од една десетина од просечната месечна плата во Русија.
Дилмухаметов, пак, смета дека случајот против него е политички мотивиран. Тој беше уапсен во март 2019 година и осуден на девет години затвор, по видео изјавата што ја даде во 2018 година во која бара создавање на „вистинска“ федерација во Русија со повеќе автономни права дадени на етничките републики и региони.
Судот го прогласи за виновен за повикување луѓе да го нарушат територијалниот интегритет на Русија и за јавни повици за екстремизам и поддршка на тероризмот.